Месечните примања на работниците во Германија намалени за 2,2 отсто
Германија– Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика.
Падот на приходите најмногу се должи на скратено работно време за време на ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирусот. Најпогодени сектори се хотелскиот и угостителскиот како и автомобилската индустрија.
„Широката употреба на работа со скратено работно време поради пандемијата на коронавирусот има негативно влијание врз нивото на бруто месечен приход и бројот на работните часа“, се вели во соопштението на Министерството.
Според последните податоци на Институтот Ифo, други 5,6 милиони работници во Германија работат со скратено работно време.
Заработката на час пред оддданочување не е засегната со работа со скратено работно време, што се зголеми во просек за 2,6 проценти во вториот квартал во однос на истиот период лани, соопшти институтот.