Меркел побара од ЕУ да не брза да ги казни Полска и Унгарија


Ангела Меркел за време на нејзината средба со белгискиот премиер Алакександар де Кро на 15 октомври во Брисел (Фото: АФП)

Германската канцеларка Ангела Меркел во петокот ја повика ЕУ да не брза да ги запре средствата за Полска и Унгарија и покрај зголемениот притисок кон блокот да преземе дејствија поради загриженоста за демократски заостанувања во двете земји.

Европската комисија размислува дали да ги суспендира исплатите на буџетот на ЕУ кон земјите, користејќи ја неодамна стекнатата моќ наменета за казнување на земјите -членки за кршење на владеењето на правото. Додека Комисијата се откажа од користењето на новата алатка додека таа е оспорена на суд, многу активисти и европратеници бараат Комисијата да преземе акција сега, повикувајќи се на постојаните обвинувања дека Полска и Унгарија ги поткопуваат сопствените демократии.

Меркел, германскиот лидер во заминување, зборуваше со новинарите еден ден откако комисијата на Европскиот парламент се закани дека ќе преземе правни мерки против Комисијата поради нејзината неволност. И лидерите на ЕУ се очекува да разговараат за полската криза за владеење на правото на самитот следната недела.

Меркел во петокот ја поддржа дискусијата на високо ниво, но не и ставот на комитетота на Парламентот.

„Мислам дека сега е време да разговараме длабински со полската влада, како да ги надминеме тешкотиите… Имаме големи проблеми, но мојот совет е да ги решиме во разговори, да најдеме компромиси“, рече Меркел во Брисел по средба со белгискиот премиер Александар де Кро.

Меркел рече дека не се согласува со оние кои веруваат дека „политичките разлики“ треба „секогаш да се решаваат преку судски постапки“. Таа додаде: „Затоа сум малку загрижена за големиот број случаи што сега се решаваат на суд“.

Меркел предупреди да не брза да го активира механизмот пред судот да донесе одлука за ова прашање. „Мислам дека сега можеме да чекаме за оваа одлука на Европскиот суд на правдата“, рече таа.

Таа, исто така, ја истакна потребата земјите од ЕУ да останат обединети по тешките прашања, потсетувајќи дека „излезот од Обединетото Кралство беше голема тага“ за неа.