Меркел: По завршувањето на мандатот не стојам на располагање за ниту една политичка функција
Германската канцеларка Ангела Меркел демантираше дека планира да се кандидира за некоја од водечките позиции во Европската унија.
– По завршувањето на мандатот како канцелар во 2021 година не стојам на располагање за ниту една политичка функција, а тоа се однесува и на функциите во ЕУ, ја пренесуваат денеска германските медиуми изјавата на Меркел.
Таа појасни дека нејзината изјава за тоа дека и натаму сака да преземе одговорност за Европа е „погрешно сфатена“.
– Секако дека до крајот на својот мандат како канцеларка ќе сносам одговорност за судбината на ЕУ, појасни Меркел.