Меркел откри што ќе прави во пензија

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека е задоволна со тајмингот за заминување од политичката сцена по 16 години на чело на државата.
Сега се радува што времето ќе го посвети на работи што за време на мандатот морала да ги занемари.
Меркел вели дека сака „можеби малку да патуба или да чита, или едноставно да ужива во слободното време знаејќи дека во следните 20 минути нема да се случи ненадеен пресврт“, објави денеска неделникот „Алгемајне цајтунг“, пренесе АП.
Канцеларката Меркел која во 2018 година најави дека нема повторно да се кандидира на националните избори одржани минатиот месец, успешно ја водеше Германија низ повеќе кризи, меѓу кои глобалната финансиска, мигрантската и пандемијата од корона вирус.
„Со мирна душа може да кажам дека правилно е некој друг да ја преземе должноста на канцелар“, рече Меркел.
Во Германија минатиот месец, беа одржани избори, а Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи во моментот преговараат за формирање коалициона влада.
Овие три партии соопштија порано овој месец дека имаат цел да добијат канцелар до почетокот на декември.
Вицеканцеларот во заминување Олаф Шолц, чии социјалдемократи на левиот центар „за влакно“ победија на изборите, се чини има најмногу шанси да ја наследи Мерекл.
До формирањето на следната влада, Меркел ќе остане на кормилото на државата и денеска во тоа својство присуствува на состанокот на Г20 во Рим.
Меркел (67) рече дека чувствува благодарност што ѝ служела на нацијата и дека со задоволство гледа на „долгиот, понекогаш и комлициран период“ на своето политичко ангажирање.
„Можеби подоцна ќе ме стигне и некоја меланхолија“, заклучи канцеларката.