„Мериот“ должи два милиони евра за неплатен данок


Фирмите поврзани со Мијалков должат за данок над 4 милиони евра, а две од нив се топ 10 должници на УЈП на листата која е објавена на веб сајтот на даночната Управа. На оваа листа се наоѓа и една фирма со историска поврзаност со семејството Заеви.

 

Фирмата „Дивелоп груп“ должи над 123 милиони денари за данок и е на 4-то место по долгот… Во сопственичката структура се синовите на Сашо Мијалков преку фирмата „Бест веj“.

На 6-то место е сопственикот на хотелот „Мериот“, „Хотел Гранд М“, која должи над 120 милиони денари за данок.  Меѓу нив, со сличен долг од над два милиони евра е и кумановската компанија „Абира плус“ која до 2018-та била во сопственост на Трајче Заев, братучедот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Најголем должник е неактивната СГСМ Оил-Гас со чешки сопственици, а долгот кон УЈП изнесува над 218 милиони денари односно околу 3,6 милиони евра… На второ место на листата со должници е комуналното претпријатие од Гостивар…Вкупниот долг за данок и од фирми и од поединци изнесува околу 133 милиони евра, според објавените податоци на УЈП.