Мерилин Монро: Дајте и на дамата вистинска маска и таа може да го освои светот
САД– Во екот на пандемијата на коронавирус во САД каде близу 130 илјади жртви починаа од заразната болест, легендарните скулптури низ целата земја, од животни до фигури на поп-културата, се фотографирани со маски на лицето.
Најголемо внимание предизвика статуетката на секс-симболот Мерилин Монро „Засекогаш Мерилин“ во Мериленд.
Монро е овековечена во легендарната поза , кога во 1954 година снима една од клучните сцени во филмот „Седум години верност“ на Били Вајлдер во Њујорк. Во истата, таа стои покрај Том Евел, а воздухот од решетката на подземната железница ѝ го дува здолништето нагоре.
Статуата на Инстаграм е прокоментирана со реченицата „Дајте и на девојката вистинска маска и таа може да го освои светот“, како парафраза на нејзината легендарна изјава: „Дајте и на девојката вистински чевли и таа може да го освои светот“.