„Мерцедес“ излета од булевар „Србија“, повредена сопатничката


Ноќеска, во 00.30 часот било пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје, патничко возило „мерцедес 124“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот.

Од МВР денеска соопштија дека во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 19.08.2020 во 13.25 часот било пријавено дека на локалниот пат кој води од автопатот Тетово – Гостивар кон с.Врапчиште, гостиварско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „даф“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(23) од Кратово и мотоцикл „томос“, без регистарски ознаки, управуван од Н.У.(66) од с.Врапчиште. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.