Меморандум за соработка меѓу СДСМ и СДП од Хрватска, двете партии ќе формираат работни групи


Давјцата претседатели, Синиша Хадаш Дончиќ и Венко Филипче, го потпишуваат Меморандумот

 

Во рамки на посетата на Загреб им присуството на конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателот на СДП, Синиша Хајдаш Дончиќ, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете партии.

Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја потврдуваат заедничката посветеност на вредностите и принципите на европската социјалдемократија, како и определбата за продлабочување на соработката меѓу прогресивните политички сили во Европа. 

Целта на Меморандумот е зајакнување и унапредување на меѓупартиската соработка преку размена на искуства, политички решенија  и заеднички придонес за развој на демократијата и социјален напредок.

Како клучни цели и задачи кои произлегуваат од Меморандумот, се зајакнување на демократските институции и инклузивната демократска култура, промовирање на социјалната правда, солидарноста, еднаквоста и човечкото достоинство, како и поддршка на работничките права, социјалниот дијалог и модернизацијата на социјалните политики.

Меморандумот предвидува соработка и размена на искуства во повеќе области, меѓу кои партиска организација и развој, креирање јавни политики, социјална и економска политика, политики за работнички права, учество на младите и жените во политиката, локално управување, зелена  транзиција, како и соработка во процесот на европска интеграција и регионална стабилност.

Соработката ќе се реализира преку конкретни активности како заеднички работни групи, конференции и тематски дебати, обуки, размена на експерти и редовни консултации меѓу партиските раководства, соопштува СДСМ.