Skip to content
08/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Меџити ќе ја замрзне 20 години енергетската транзиција на Македонија

11/09/2024 15:32

 

 

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за време на престојот во Вашингтон објави шокантна вест – дека новата влада практично ќе ја замрзне енергетската транзиција на земјата од јаглен на обновливи извори, односно дека толку ќе ја забави што крајот се предвидува за 2050 година!

„Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година, почитувајќи ги роковите на ЕУ за транзиција кон обновливи извори на енергија”, изјави Меџити на Годишната конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон.

Дури и за ваквата транзиција тој смета дека ќе треба силна финансиска и техничка поддршка од ЕУ и САД. 

„Имајќи ја предвид стратешката позиција на Северна Македонија на Балканот, како и влијанието на војната во Украина и руското влијание, сакам да ја нагласам потребата од зголемено вклучување на САД и ЕУ. Оваа поддршка е од витално значење за да се обезбеди енергетска независност и да се намали руското влијание во регионот”, истакна Меџити во Вашингтон.

Практично, наспроти  ветувањата дека Македонија ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, во неколку наврати се одлага рокот за затворање на електраните на јаглен, а ова последно одлагање практично ја прави транзицијата бесконечна. Првично Македонија планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите па рокот за остварување на оваа цел беше продолжен до 2030 година.  

Еуроњуз објави статија според која Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача. Според проценката на европските експерти, старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, уште повеќе што се отвораат нови рудници за лигнит.

Според Еуроњуз дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид – 17 пати повеќе од дозволеното.

„Тоа е најголемиот предизвик од нашата независност пред 30 години па до денес. И да бидам искрен, немаме друг избор, резервите на лигнит се на крајот“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, Марко Бислимоски минатата година. Беслимоски тогаш рече дека по 10 години од сега Северна Македонија ќе биде ослободена од јаглен, а струјата ќе доаѓа од обновливи извори и гас. Според планот, Македонија треба да затвори две централи на јаглен во земјата, а нивниот капацитет ќе се замени со енергија од 1,7 гигавати (GW) од обновливи извори. Во изминатите две години Северна Македонија успеа да произведе 600 MW од нов капацитет на обновливи извори, главно од сончева енергија.

За споредба, Грција веќе ги затвори сите електрани на јаглен и ги замени со обновлива енергија. 


Поврзани содржини

Европскиот шеќерен гигант загрижен за жетвата: Неколку фактори ќе ги зголемат цените
08/10/2026 16:10
Од Скопје до Приштина од следата година ќе се патува и со воз, вели Николоски
08/10/2026 16:10
„Гугл мапс“ во Британија во реално време ги прикажува цените на бензинот и дизелот
08/10/2026 16:10
Условите за задолжување стануваат сѐ потешки – Владата земала заем од 150 милиони евра со камата од 5,25 отсто
08/10/2026 16:10

УЈП во Берово со порака: „Фер туризам започнува со пријавен доход“
08/10/2026 16:10
Овчарите бараат итно обештетување за угинатите овци од овча сипаница и право да земат субвенции
08/10/2026 15:10
Вториот ребаланс на Буџетот не е чекор назад, вели Димитриеска Кочоска. Приходите и расходите намалени за по 86 милиони евра
08/10/2026 14:10
„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI
08/10/2026 12:10

Најчитани


  • БГНЕС: Мицкоски направи историски гаф, ги помеша датумите за враќањето на Гоце Делчев
    03/10/2026 15:36
  • Мицкоски: Не сум задоволен од пораките на Лајен
    04/10/2026 10:42
  • Патетика од Бугарија: Македонските функционери ќе мораат да му се поклонуваат на Самоил кога ќе одат во Софија
    03/10/2026 13:08
  • Кос му предложи на Советот на ЕУ да ги укине ветата во процесот на проширување
    06/10/2026 17:40
  • Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер влезе во надзорниот одбор на рускиот огранок на „Глобус“
    02/10/2026 17:30
  • Украина поставува услов за членство во ЕУ со Брисел. „Не можеме да се согласиме со тоа“
    06/10/2026 20:53

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење