Меџити, Касами и Гаши направија предизборна коалиција, ја канат и Алијансата за Албанците

Коалицискиот опозициски фронт во кој заедно ќе настапат Демократско движење, БЕСА и Алтернатива ќе го носи името „Европски сојуз за промени“.
Оваа денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на останатите две партии, Изет Меџити и Биљал Касами.Тие велат дека нивен врвен приоритет ќе биде борбата против корупцијата, како и евроинтеграцискиот пат на држвата.
Неодамна во интервју за „360 степени“ емитувано на МРТ 1, Изет Меџити ја повика и Алијансата за Албанците да се приклучи во опозицискиот блок, но засега нема најави дека политичките математики ќе ја спојат партијата на Села и Таравари со новата опозициска коалиција.