Меџити ја затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак


Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.
 
Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.
 
Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.
 
Наредбата стапува на сила веднаш, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
 
Претходно, кон крајот на август, Министерството за животна средина и просторно планирање почна акција за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково.

 

Оваа депонија, идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини. Честите пожари и постојаното загадување се голема загриженост за граѓаните од регионот.

Од Буџетот за 2025 година за овој проект се обезбедени околу 5 милиони денари, како и механичка опрема за безбедно управување со отпад.