Меџити: ДУИ врши притисок врз Врховниот суд да се врати Никола Груевски

Изет Меџити од Демократското движење, придружуван од лидерите от на Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши, на денешната прес-конференција истакна дека ДУИ и одредени поединци во оваа партија вршат притисок врз судиите на Врховен суд околу барањата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.
Ова, според Меџити, е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за Европска унија и за уставните промени.
-Тие имаат потреба Груевски да се обиде да прави политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во централизирана Влада пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ. Искрено жалам за нивото на која падна Али Ахмети и ДУИ, а тоа народот жестоко ќе го осуди на денот на изборите. Во оваа битка сме заедно – ние здружената опозиција, народот, чесните судии, меѓународниот фактор, додека се гледа кој е против нас – корумпирани политичари кои спасот го гледаат во враќањето на Груевски. Уште еднаш им ја изразуваме нашата бескомпромисна поддршка на судиите на Врховниот суд и ги повикуваме да судат според законот. Правдата пред се, а тие што ја нарушуваат правдата знаат каде им е местото. Ние сме сведоци дека по притисокот адвокатот го повлече барањето за аболиција на екс претседателот Ѓорге Иванов, според наши информации деновиве се спрема да поднесе ново барање до нов судија. Продолжуваат и тоа незаконски по секоја цена да стигнат до целта – да си помине оваа одлука и да се врати Никола Груевски, рече Меџити.
Околу законот за амнестија кој не доби поддршка од Собранието, тој потенцира дека се работи за „валкани работи на власта за политички опстанок, а не за уставните измени и за интересите на граѓаните“.
-Одговорот треба да го побарате од власта. Тие ја презеле иницијативата и за Кривичниот законик и за законот за амнестија и за се што го амнестира организираниот криминал во Република Северна Македонија. Тие се нивни валкани пазарења за политички опстанок а не за уставните измени, за стратешките интереси, за интересите на граѓанинот и тие треба да дадат одговор, рече Меџити.
На прашањето дали имаат некаква порака до Алијансата за Албанците откако денеска не доби поддршка Прдлог-законот за амнестија поднесена од министер на оваа партија,тој кажа дека тие како албанска опозиција се отворени не само за оваа партија, туку и за сите лица од невладиниот сектор и независни интелектуалци.
-Албанската опозиција е отворена не само за Алијансата за Албанците, туку и за невладиниот сектор и за секој независен интелектуалец и за секој чинител што ја сака промената по 20 години и кај Албанците во Северна Македонија, рече Меџити.