Мециновиќ: Ѓорѓиевски се среќава со Меџити, јас со скопјани


Денеска мојот против кандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале гласовите, од каде ќе ми дојдат гласовите, и почнува да зборува за некоја теорија на заговор, вели кандидадтот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, во изјава за медиумите.

„Владиниот кандидат се сретна со ‘Вреди’, ја доби нивната подршка. Јас се среќавам со скопјани. И ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани. Затоа што скопјани се охрабрени, и во сѐ поголем број ќе излезат во вториот круг. Овој контигент кој го создадовме само ќе расте“, порача Мециновиќ кој во вториот круг ќе се трка со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.

Претходно тој објави дека во вторник ќе имаат дебата со Ѓорѓиевски  на телевизија.

„Јас и мојот противкандидат во овој круг означуваме потенцијална промена на политичките генерации во Македонија, релативно млад дуел за Скопје. Затоа, следниот вторник на дебата ќе може да се заклучи кој претставува нова визија, a кој ја влече деструктивната политика на минатото во иднината“, напиша тој на Фејсбук.