Мажи тепале жени во Прилеп, Куманово, Зрновци, Охрид…
Денешниот полициски билтен изобилува со пријави од жени кои биле нападнати од мажи, што нивни сопрузи, што познаници.
Така, во четвртокот, во 16.30 часот 26-годишна жена од кумановско село пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ј.
Истиот ден, во 22.45 часот Ј.С.(38) од Охрид пријавила дека околу 22.30 часот во Охрид нејзината ќерка била физички нападната од Д.Ш. од Охрид.
Во 16 часот Г.Т.(39) пријавила дека околу 4.30 часот, во казино во с.Зрновци-кочанско била физички нападната од Т.Ј. од истото село.
Исто така, 58-годишна жителка од Пробиштип пријавила дека на 13.04.2023 околу 23.30 часот била физички нападната од нејзиниот син М.А.(30) од Пробиштип, кој употребил и тврд предмет.
Во 21.20 часот С.Р.(49) од Прилеп пријавила дека околу 17 часот во Прилеп била физички нападната од М.У.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Во 23 часот во Тетово на ул.“Благоја Тоска“ од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода малолетник од Тетово затоа што истиот ден бил пријавен од С.С.(48) од Тетово дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал со оружје, а нешто подоцна бил пријавен и од Д.Љ.(24) од Тетово дека и нему му се заканувал. Од малолетникот бил одземен гасен пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Вчера, во 20.40 часот М.Б.М.(63) од Гостивар пријавила дека околу 130 часот во Гостивар била физички нападната од Д.В.
Се тепале и мажи, меѓусебе, најчесто соседи, па така вчера, во 18 часот С.Х.(56) од с.Врапчиште-гостиварско пријавил дека околу 15 часот во истото село по претходна расправија бил физички нападнат од негов сосед Ф.М.(54).
Истиот ден, во 13.30 часот А.П.(69) пријавил дека околу 11 часот во населба Трница-мавровско бил физички нападнат од Д.П. и Д.П., негови соседи.
Во 00.20 часот било пријавено дека во Кратово пред угостителски објект по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.А.(20) од Кратово и В.К.(27) од с.Туралево-кратовско. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.