Маж со својот автомобил прегази пешаци на аеродромот во Келн, повредени шест лица
Страшен инцидент се случи денеска пред аеродромот во Келн Бон во Германија. Маж влетал со изнајмен автомобил на паркинг и удрил во неколку пешаци и автомобили. Полицијата соопшти дека тој се однесувал сомнително.
Инцидентот се случил на паркингот на аеродромот Келн Бон во Германија. Соопштено е дека се повредени околу 6 лица, а не е познат бројот на оштетените возила.
Портпаролот на полицијата изјави дека има индиции дека мажот има проблеми со менталното здравје.
„Изгледа дека тој намерно удрил во неколку автомобили и пешаци пред него“, рече портпаролот.
Полицијата соопшти дека 57-годишникот повредил и двајца полицајци додека давал отпор при апсењето. Потоа бил префрлен во болница во Келн каде му била извршена психолошка анализа пред да биде однесен во психијатриска болница.