МАТТО го откажа бизнис настанот, изразува сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Бугарија
Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите во трагичната автобуска несреќа во Софија.
МАТТО поради трагедијата го откажа и за денеска најавениот бизнис настан на кој требаше да има деловни средби со претставници од Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и од Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово.
-Почитувани членки, поради големата трагедија за нашата држава несреќата која се случи ноќта во Бугарија, изразуваме сочувство до семејствата и оние кои за жал ги изгубија своите животи. Нека почиваат во мир, наведува МАТТО.