Масовна тепачка во Кичево – уапсени девет млади


Девет лица биле приведени по масовна тепачка со ножеви и дрвени предмети која се случила вчера на Осломешка крстосница во Кичево.

Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога дошло до меѓусебна физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што биле употребени ножеви и дрвени предмети. Во тепачката две лица се здобиле со расекотини и повреди.

Полицијата привела деветмина учесници – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево. Тие биле лишени од слобода неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, од страна на полициски службеници од ОВР Кичево.

По целосно расчистување на случајот, против инволвираните ќе следуваат соодветни пријави.