Масовен протест во Даблин против посетата на Доналд Трамп на Ирска


Даблин – Голем број граѓани денеска излегоа во центарот на Даблин за да го изразат своето незадоволство и противење од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ирска, организирајќи протестен марш кој започна од Градината на сеќавањето.

Демонстрантите маршираа низ ирската престолнина носејќи бројни транспаренти и знамиња, извикувајќи: „Доналде Трамп, слушаш ли? Не те сакаме овде“.

Според информациите на „Скај њуз“ и „Гардијан“, на транспарентите беа истакнати пораки како: „Сите те мразат“, „Да го направиме лажењето повторно погрешно“, „Нема добредојде за Трамп, припадник на класата на Епстајн, расист кој овозможува геноцид и негира климатски промени“, „Американска војско, излези од Ирска“, „Не на тираните, не на диктаторите, не на Трамп“ и „Штрајк против класата на милијардери“.

За време на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин одржана претходно денеска, Трамп го минимизираше значењето на собирот, велејќи им на новинарите: „Не видов никакви протести“.