Маск против Гејтс: Што му порача шефот на „Тесла“ на основачот на „Мајкрософт“

На Твитер се појавија пораки кои покажуваат дека Маск брутално го „откачи“ Гејтс откако тој призна дека инвестирал против „Тесла“


Откако на Твитер се појавија копии од пораките меѓу Илон Маск и Бил Гејтс, во кои шефот на „Тесла“ ладно го „откачи“ основачот на „Мајкрософт, заради инвестирање во пад на акциите на „Тесла“, реагираше и самиот Маск, потврдувајќи ја нивната автентичност.

Илон Маск во петокот рече дека се легитимни пораките кои покажуваат дека ја одбил филантропската можност со Бил Гејтс поради неговата отворена таканаречена кратка позиција за акциите на „Тесла“.

Кратката позиција обично значи дека инвеститорот ја продава акцијата што ја позајмил со цел подоцна да ја откупи по пониска цена, во суштина обложувајќи се дека вредноста на акцијата ќе падне.

Отворањето кратка позиција на берзата всушност значи дека инвеститорот ја продава акцијата што ја позајмил со цел подоцна да ја откупи по пониска цена, во суштина обложувајќи се дека вредноста на акцијата ќе падне. Ова е спротивно на конвенционалната долга позиција, каде што инвеститорот ќе профитира ако вредноста на имотот се зголеми.

Со други зборови, Гејтс инвестираше во пад на акциите на „Тесла“, а на Маск, се разбира, тоа воопшто не му се допаѓа.

Сликите од екранот на пораките беа споделени на Твитер од профил наречен Whole Mars Catalog, кој го означи Маск и го праша дали се вистински.

Така, очигледно Бил Гејтс го повика @elonmusk за да разговара за „филантропијата за климатските промени“, но Илон праша дали сè уште има кратка позиција од половина милијарда долари на $ TSLA.

Бил рече дека не го затворил, па Илон му рекол да се изгуби. Нема идеја дали ова е вистина lol pic.twitter.com/iuHkDG3bAd

– Целиот каталог на Марс (@WholeMarsBlog) 22 април 2022 година

Од каде доаѓаат снимките од екранот на пораките останува нејасно, иако бојата на полето за текстуални пораки сугерира дека тие се направени со телефонот на Маск, пишува „Бизнис инсајдер“ (Business Insider).

Се чини дека првата слика од екранот го прикажува текстот на Гејтс кој го потврдува денот и часот на состанокот, на што Маск одговара „Одлично“. Друга слика од екранот покажува текст, наводно од Гејтс, кој вели дека „штотуку слетал“ и на Маск кој одговара со „кул“.

Маск потоа испрати порака со интересно прашање: Дали сè уште имате кратка позиција од половина милијарда долари во однос на „Тесла“?, беше неговото прашање.

„Извинете што не го затворив, одговори Гејтс, обидувајќи се веднаш да ја прренасочи темата. Би сакал да разговараме за филантропските можности, напиша тој веднаш потоа.

Одговорот на Маск беше како ладен туш.

„Извинете, но не можам да ја сфатам сериозно вашата филантропија за климатските промени кога имате голема кратка позиција против „Тесла“, компанијата која прави најмногу за да се справи со климатските промени, одговори Маск.

Како одговор на објавените пораки, Маск твитна дека се вистински, но дека не ги открил тој, додавајќи дека сигурно излегле преку пријател од пријател.

Да, но не го објавив на NYT. Сигурно го добиле преку пријатели на пријатели.

Слушнав од повеќе луѓе на ТЕД дека на Гејтс му недостасуваат уште половина милијарда против Тесла, поради што го прашав, па тоа не е баш строга тајна.

– Илон Маск (@elonmusk) 23 април 2022 година

„Слушнав од неколку луѓе на ТЕД дека Гејтс уште има половина милијарда инвестиции против ‘Тесла’, поради што го прашав, па тоа не е баш строга тајна, објасни Маск.

Не беше јасно кога се случила размената на текстови, но Маск во подкаст на Џо Роган во февруари 2021 година рече дека слушнал дека Гејтс се обложил против „Тесла“ на берзата.

Набргу откако ги коментираше текстовите во петокот вечерта, Маск исто така твитна меме на Гејтс кое го споредува основачот на „Мајкрософт“ со емотиконот на бремен маж и напиша: „Во случај да треба брзо да изгубите нешто.

во случај да треба брзо да изгубите нешто pic.twitter.com/fcHiaXKCJi

– Илон Маск (@elonmusk) 23 април 2022 година

Маск и Гејтс, двајцата најбогати луѓе во светот, отворено се караа и во минатото, несогласувајќи се на теми како што се електричните возила, КОВИД-19 и колонизацијата на Марс.