Маск открива: Сакав да ја продадам „Тесла“ на „Епл“, но Тим Кук ја одби средбата
Основачот на „Тесла“, Илон Маск, во дискусија на Твитер изјави дека сакал да ја продаде компанијата на технолошкиот гигант „Епл“, пренесува Ројтерс.
Првиот човек на „Епл“, Тим Кук, ја одбил средбата, открива Маск.
Маск рекол дека планира да разговара за можноста да ја продаде „Тесла“ на „Епл“ за една десетина од сегашната вредност, што укажува на проценка од околу 60 милијарди долари, пишува Блумберг.
За потсетување, во 2017 и 2018 година, „Тесла“ се бореше да одржи високо ниво на производство на „Модел 3“, а Маск ги информираше инвеститорите во тоа време дека се наоѓаат во „производствен пекол“, пренесува СЕЕбиз.
Последните денови Тесла беше повторно во фокусот, овој пат поради плановите на „Епл“ во автомобилската индустрија. Плановите се лоши вести за „Тесла“, пишува аналитичарот на „Морган Стенли“, Адам Џонас.
Акциите на „Тесла“ потонаа во вторникот 5,5 проценти, откако во понеделникот паднаа со 6,5 отсто.
Вчера, Ројтерс објави дека „Епл“ напредува со автономна технологија и сака да произведе патничко возило до 2024 година што може да вклучува и сопствен дизајн на батеријата.
Дводневниот пад на вредноста на акциите на „Тесла“ следува и по влегувањето во референтниот берзански индекс S&P 500 пред отворањето во понеделникот.
Strange, if true.
– Tesla already uses iron-phosphate for medium range cars made in our Shanghai factory.
– A monocell is electrochemically impossible, as max voltage is ~100X too low. Maybe they meant cells bonded together, like our structural battery pack?
— Elon Musk (@elonmusk) December 22, 2020