Маск најбогат во светот, го надмина Безос


Познатиот технолошки претприемач и основач на компаниите „Space x“ и „Tesla“, Eлон Маск, конечно успеа да ја освои титулата најбогат човек во светот откако според „Форбс“, стигна до врвот на листата на милијардери.

Нето богатството на Маск беше проценето на 198,8 милијарди долари на 28 септември, според листата на „Форбс“.

Според описот на веб -страницата на „Форбс“, оваа листа во реално време „ги следи секојдневните подеми и падови на најбогатите луѓе во светот“ и „обезбедува постојани ажурирања за нето вредноста и рангот на секој поединец за кого „Форбс“ потврди дека тој е милијардер. Вредноста на јавните инвестиции на поединци се ажурира на секои пет минути кога се отворени берзите.

Втор на листата е основачот на „Амазон“ Џеф Безос со нето вредност од 192,7 милијарди долари. Трет на листата е Бернард Арно и семејството на извршниот директор на „Луј Витон“ со 174 милијарди, а четврт е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, со 129,6 милијарди долари.