Маск го потопи биткоинот откако се дозна дека „Спејс икс“ продала криптовалута за 373 милиони долари


 

Вредноста на биткоинот падна за девет отсто откако „Волстрит џорнал“ (Wall Street Journal – WSJ) објави дека компанијата на милијардерот Илон Маск „Спејс икс“ (Space X) ги продаде своите биткоини за 373 милиони долари во последните две години.

Како што пренесува Си-Ен-Би-Си (CNBC), биткоинот реагирал на оваа вест со пад од цели девет отсто, на 23.918,57 евра.

Според најновите податоци на најголемата светска крипто берза Binnens, вредноста на биткоинот денеска во 10:45 часот се стабилизира на 24.310,29 евра.

– Ова е една од најбрзите распродажби на биткоини во историјата на оваа криптовалута, изјави истражувачот на компанијата „Bitwise Asset Management“ Рајан Расмусен, потсетувајќи на шпекулациите дека овој земјотрес на пазарот е инициран од самиот Илон Маск.

Минатата година компанијата на Маск „Тесла“ објави дека продала околу 75 отсто од своите биткоини.