Марш во Тетово во чест на настраданите во пожарот


Фото: Б. Грданоски

Навивачката група „Балисти“ за денеска најави марш во чест на жртвите од пожарот во ковид центарот  во Тетово.

Маршот, како што е најавено на социјалните мрежи,  ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот „Илирија“ во 13.30 часот и ќе заврши пред болницата во Тетово.

Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска.

Во пожарот во кој изгоре ковид центарот загинаа 14 лица, а 12 го преживеаја ужасот.