Марс е најновата арена во ривалството меѓу САД и Кина, обете држави лансираат сонди овој месец


Две години по последното слетување на сонда на Марс, и Соединетите држави и Кина овој месец започнуваат мисии кон црвената планета и поставуваат нова арена за нивното растечко ривалство

 

Кинескиот „Тианвен-1“ полета околу пладнето во четвртокот од островот Хаинан на југот на земјата, додека роверот на НАСА „Персеверанс“ (упорност, истрајност) треба да биде лансиран на 30 јули. Двете сонди се очекува да стигнат до Марс во февруари 2021 година.

Персеверанс“ има за цел да одговори на прашања во врска со потенцијалот за живот на Марс, вклучително и да бара знаци за услови за живеење во дамнешното минато на планетата и да бара докази за микробиолошки живот. Роверот има дупчалка што може да се искористи за собирање на основни примероци од карпи и нивно ставање настрана за потенцијално собирање и испитување од подоцнежна мисија.

Доколку биде успешна, „Персеверанс“ ќе биде седмата сонда на НАСА што ќе слета на Марс, а четвртиот ровер. „Кјуриосити“, (љубопитност) , што слета на црвената планета во 2012 година, сè уште испраќа податоци за површината на Марс.

Тианвен-1“, чие име значи „Потрага по небесната вистина“, е прва мисија на Кина на Марс. Сондата ќе орбитира околу планетата пред да спушти ровер на површината, со надеж дека ќе може да собере важни информации за марсовото тло, геолошката структура, околината, атмосферата и да бара траги на вода.

Вака ќе изгледа роверот на НАСА кој ќе го истражува Марс

Во еден труд минатата недела, научниот тим зад „Тианвен-1“ рече дека сондата „оди во орбита, слетува и спушта ровер уште при првиот обид и ги координира набудувањата со орбитар. Ниту една планетарна мисија не била спроведена на овој начин “

Спротивно на тоа, НАСА испрати повеќе орбитари на Марс пред да се обиде да дојде до слетување. Постапката на слетување е далеку потешка задача.

Доколку биде успешна, тоа би значело голем технички успех“, напиша кинескиот тим во списанието „Нејчр“.

Вселенска трка

Во својот труд, научниците од „Tianwen-1 ја нагласија можноста за меѓународна соработка за да се „унапреди нашето знаење за Марс на невидено ниво“. Не се само кинеската сонда и онаа на НАСА кои ќе пристигнат на планетата следната година, туку исто така и сондата „Хоуп“ (надеж) на Обединетите Арапски Емирати, која беше лансирана во неделата. Сондата „Хоуп“ е прва меѓупланетарна мисија на арапскиот свет.

Научниците кои работат за НАСА и за вселенската агенција на Кина уживаа во колегијалниот однос во минатото. Тие соработуваа на Меѓународната вселенска станица и си честитаа едни на други за успешните мисии, како што е слетувањето на сондата на Кина на темната страна на Месечината, за прв пат што го сторила некоја земја.

Но, на инсистирање на сите оние кои сметаат поинаку, вселенската трка е неизбежно политичка. Раните мисии на НАСА, особено историското слетување на луѓето на Месечината во 1969 година, беа поттикнати од ривалството на Студената војна меѓу Вашингтон и Советскиот Сојуз.

Пекинг, од своја страна, е добро запознаен со потенцијалниот престиж што би можел да го добие со надминување на САД во вселената. Ако „Тианвен-1 е успешна, таа планира на крајот да испрати човечка мисија на Марс.

Според претседателот Си Џинпинг, Кина инвестираше милијарди долари во градењето на својата вселенска програма дури и кога поагресивно го потврдуваше своето влијание на Земјата и го следеше „големото подмладување на кинеската нација“.

Вселената беше посочена од кинеската влада како приоритет на истражувањето во нејзиниот 13-ти петгодишен план, со акцент на длабоките вселенски истражувања. Како и мисијата на Марс, Пекинг, исто така, планира да лансира постојана вселенска станица до 2022 година и бара да испрати управувана сонда на Месечината евентуално во 2030-тите.

Оваа програма е заснована врз наодите од неодамнешните мисии на Кина на Месечината, особено роверите Јуту, од кои првиот мораше да ја напушти својата мисија на половина пат во тримесечниот временски период, како резултат на дефект. Јуту-2, кој слета на подалечната страна на Месечината минатата година, беше огромен успех.

Од лансирањето на кинеската ракета

Нашата генерална цел е дека, некаде до 2030 година, Кина да биде меѓу најголемите вселенски сили на светот“, рече Ву Јанхуа, заменик началник на Националната вселенска администрација, во 2016 година.

Мисија на Марс

Кина доцна се вклучи во вселенската трка. И покрај тоа што направи неверојатни чекори во последните децении, надминувањето на НАСА – барем во смисла на подобра позиција во однос на ривалот, ако не и на научен план – ќе бара нешто спектакуларно како слетување човек на Марс.

Но, постои причина што од 1972 година целото истражување на вселената се извршува од роботи. Не само што се поевтини, туку се и долговечни и потрајни: Ниту една земја не сака да биде прва на која ќе ѝ умре астронаут на друга планета.

Слетувањето роботски сонди на Марс е доволно тешко, со оглед на атмосферските услови на планетата. Да се испрати човек таму безбедно, може да биде речиси невозможно.

Но, ова не ги спречи политичарите да шпекулираат за управувана мисија на црвената планета. Рано во неговиот мандат, американскиот претседател Доналд Трамп ја овласти НАСА да „води иновативна програма за вселенско истражување за да ги испрати американските астронаути назад на Месечината, а на крајот и на Марс“.

Трамп исто така основа Вселенски сили, нова гранка на вооружените сили. На откривањето на знамето на организацијата претходно оваа година, лидерот на САД рече дека „вселената ќе биде иднината. И во однос на одбраната и на нападот и многу други работи“.

Од она што го слушам и засновано врз извештаи, веќе сега сме лидери во вселената“, додаде тој.

Ниту Вашингтон не смее да дозволи Кина да го престигне. Минатата година, кога Си-Ен-Ен го цитираше Џоан Џонсон-Фриз, професор на Поморскиот воен колеџ на САД, кој рече дека „високи се шансите следниот пренос на глас од Месечината да биде на мандарински“, администраторот на НАСА, назначен од Трамп, Џим Бриденстен, „возврати“: „Хмм… нашите астронаути зборуваат англиски“. (Си-Ен-Ен)