Маричиќ: Невидено е во историјата да нудите министри , а да не ги гласате

ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и дволични, а веројатно се и уникатен случај во историјата на демократијата,кои понудиле министри во некоја Влада, а не гласале односно биле воздржани за таа влада, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.
– Секогаш кога ќе почувствуваат дека ќе ги изгубат изборите тие го прават тоа. Зашто ако сите нивни анкети кажуваат дека се во голема предност што е тогаш проблем да ја составиме таа техничка влада, да гласаат за неа како што гласаа пред 4 години и да излеземе на изборите секој со својот концепт, рече Маричиќ.
Тој додаде дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ не само што се несериозни и дволични туку сакаат да стават дамка на изборите, бидејќи се плашат од нивните резултати.
Тој потенцираше дека СДСМ како предводник на европскиот фронт го соопшти и утврди концептот на тој европски фронт и тоа е победничка формула за следните избори.
-Претседателот Ковачевски се овласти да разговара со партиите кои се во владината коалиција и оние кои се заинтересирани да учествуваат во тој фронт. Кој се ќе биде во тој фронт и како ќе изгледаат кандидатските листи, тоа допрва треба да утврдува. Но, јас сум сигурен дека тоа победничката формула, рече Маричиќ.