Маричиќ го чека извештајот на експертите за владеење на правото од ЕУ


Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет ја завршила работата и во текот на овој месец ќе подготви извештај  со препораки, најави денес вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во Комисијата за европски прашања, додабајќи наедно дека се чека исто така и извештајот на холандскиот експерт  кој на наше барање помага во правењето на патоказот за владеење на правото што го бара ЕУ од нас. 

” За нас е важно правилно да бидат идентификувни недостатоците во однос на неговата поставеност и надлежности. ,,Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет дојде навремено ако имаме предвид дека во овој момент е во подготвка патоказот за владеење на правото за севкупно подобро работење на судството. Препораките од извештајот ќе бидат земени предвид и соодветно адресирани”, порача вицепремиерот.

Според него,  исклучително е  сите политички субјекти, политичките партии, пратениците, Владата обвинителите, судиите, членовите на јавните институции, судскиот совет, академијата, невладиниот сектор да се вклучат во развојот на Националната стратегија за владеење на правото.

“Имате партнер во Владата за реализација на стратегијата и сигурен сум дека со заеднички напори можеме да успееме и да добиеме полноправно членство во Европската Унија и тоа да се реализира до 2030”- рече Маричиќ.

Од Секретаријатот информираат дека Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022, е завршена. Новата Стратегија е во завршна фаза на подготовка и нацрт верзијата ќе биде проследена на мислење до Европската комисија.