Марибор се прогласи за зона без корона вирус, но меѓу учениците се јави првиот случај

Во Словенија забележан е првиот позитивен злучај на корона вирус меѓу учениците кои постепено се вратија во училишните клупи од 18 мај.
Марибор се прогласи за зона без корона вирус, откако таму немаше забележан нов случај од 30 април, пренесе СТА.
Другарите од одделението на детето и наставникот се во карантин, додека останатите ученици продолжуваат да следат настава.
Ваква одлука е донесена по проценка на ситуацијата од страна на Националниот институт за јавно здравје, кој утврди дека во училиштето немало пропусти во почитувањето на емрките.
Институтот соопшти дека заразеното дете немало близок контакт со ученици од други одделенија. Не е познато кое одделение е заразеното дете.
Учениците од прво до трето одделение се вратија во училишните клупи на 18 мај, а останатите до деветто почнаа вчера.