Мапет шоу од ВМРО-ДПМНЕ, Трендафилов сакал да ја замолчи Дафина!


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ѝ даде поддршка и ги осуди нападите врз својата колешка и заменик-координаторка Дафина Стојаноска од страна на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по објавените фотографии, на кои се гледа дека тој за приватни цели го користи службеното возило. Тие го повикаа Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага по допрен глас, а Трендафилов да одговори колку пати го злоупотребил службеното возило за приватни цели и прошетки, колку литри гориво се потрошени од членарините, „и за што сè друго ја има злоупотребено својата положба додека глуми скромност и голем заштитник на социјалната правда во Македонија“. Инаку станува збор за пари на синдикатот, а не државни и буџетски за да тој им дава отчет на ВМРО-ДПМНЕ , па испаѓа дека секој раководител или вработен во приватна фирма, невладина или слично што не троши државни пари треба да се правда ако добие службено возило.  

– Она што го видовме од страна на Слободан Трендафилов не е ништо друго помалку од директен атак, обид за замолчување и брутален притисок врз жената во политиката. Трендафилов избра на кукавички начин да ја нападне жената што имаше храброст јавно да го изнесе неговото расипништво. Ова е класичен пример на мизогинија, каде што маж на функција се обидува да дискредитира и деградира жена, само затоа што ја обелоденила вистината, рече на прес-конференција пратеничката Лидија Петкоска. Испаѓа дека жените во државата можат да зборуваат и да прават што сакаат и нок да не реагира зошто же се сфати тоа како напад врз основа на тоа што е жена. 

Петковска исто така ги повика сите релевантни домашни, па и меѓународни организации (како да немаат попаметна работа) да реагираат на оваа постапка на претседателот на ССМ. Треба да се расчисти една работа, рече таа, а тоа е дека на јавно достапните снимки идентитетот на лицата е заштитен токму затоа што целта не се децата, туку расипништвото и неговите двојни аршини.Таа уште го обвини Трендафилов дека тој ги злоупотребил децата, во најневеројатно извртување на тези досега, дури и за стандарди на ВМРО-ДПМНЕ. 

– Трендафилов е тој што ги злоупотребил своите деца како жив штит за да ги одбрани своите привилегии и комфорот ставајќи ги во возило што му припаѓа на македонскиот работник. Со вокабуларот на опозицијата, да, монструозно е да земаш плата од работниците за кои наводно се бориш додека ти уживаш во луксузот на сметка на ССМ и македонските работници, рече Петкоска, заборавајќи дека истото тоа го прави и премиерот Мицкоски, бидејќи не им дава зголемување на плата на работниците додека енермно ја зголеми на функционерите. На крајот Петковска заклучи дека Трендафилов е целосно нелегитимен претседател (како да таа е личноста што дава легитимитет и некој и бара) и дека е таму – само за да си ја зачува фотелјата.