Мапа на руските пробиви според геолокациите

Исклучително е тешко да се проверат информациите за тоа колку далеку напреднале руските трупи, бидејќи кружат многу лажни информации, но германскиот новинар на „Билд“, Јулијан Ропке, ја користи геолокацијата на достапните слики и видео снимки за да ја потврди позицијата на напаѓачките трупи.
Тој ја објави оваа мапа на која се гледа напредокот на север, југ и исток, како и црвена точка до главниот град Киев, каде што руските падобранци се чини дека зазеле аеродром бидејќи имаат за цел да постават воздушен мост за да донесат дополнително засилување.