„Мама, и Победник је са нама“ – поставена реплика на Андреј Јосифовски на еден од симболите на Белград пред Техничките факултети

Српскиот уличени уметник Андреј Јосифовски Пијанист создаде реплика на еден од најголемите белградски симболи – споменикот „Победникот “ и го донесе пред Техничките факултети во знак на поддршка за студентите.
„Мама, и Победник је са нама“, пишува на постаментот на споменикот.
Споменикот е облечен во жолт безбедносен елек, каков што го носат студентите кои обезбедуваат митингот да помине безбедно и според планот.
Во едната рака држи меч, како и оригиналниот споменик ма Калемегдан, додека во другата држи црвен балон во облик на срце.
Во близина на Техничките факултети се собраа голем број студенти и граѓани кои скандираа „Пумпај“ и носеа бројни транспаренти.
А кој е Андреј Јосифовски? Докторирал архитектура и урбанизам, а магистрирал архитектонско инженерство. Тој е еден од најмладите доценти на Универзитетот во Белград, на Архитектонскиот факултет.
Го нарекуваат Пијанист затоа што завршил музичко училиште.
Јосифовски вели дека татко му и мајка му се здравствени работници. Неговиот татко бил познат лекар, д-р Борко Јосифовски, а неговата мајка била главна медицинска сестра по кардиологија во Клиничкиот центар на Србија.
„Родителите на мајка ми потекнуваат од Лика, дедо ми од страната на татко ми беше воен лекар, офицер, баба ми беше партизанка. Значи, кој и да дојде кај мене, ќе започне со … о. И јас само реагирам на ова корумпирано општество, загадено во секоја смисла, и еколошки и социјално. Веќе сме обезличени со години. Од највисоки позиции ни го перат мозокот, ни го навредуваат интелектот“, изјави тој во еден разговор за НИН.