Малолетно девојче го прободело својот татко во Пробиштип
Во четвртокот, во ОВР Пробиштип било пријавено дека околу 9.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16 – годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).
Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа. Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.