Малолетник насилно ограбен во Центар
Малолетник насилно ограбен во Центар. Крадецот му одзел пари.
– На 27.10.2025 во 13:21 часот во СВР Скопје, И.П.(51) од Скопје пријави дека околу 11:30 часот на подрачјето на Центар, едно лице, кое било со уште две други лица, со употреба на физичка сила одзело пари од неговиот малолетен син, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.