Малолетник нападнат од соученик за време на час во скопско Ѓорче
Уште еден малолетник нападнат од врсник во Ѓорче Петров.
– Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопштија од полицијата.