Малолетник го истепал целото свое семејство во Скопско


Серија пријави за семејно насилство пристигнале до скопската полиција. Малолетник ги нападнал својата мајка, сестра и брат, во друг случај жена била нападната од братот, а имало пријави и за напади од поранешни партнери/ки.

– На 05.03.2024 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што во семејниот дом во скопско село физички ги нападнал неговата 42-годишна мајка, малолетниот брат и 20-годишната сестра, при што употребил тврд предмет. Според пријавеното, тој оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 05.03.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од скопско село пријавила дека по претходни недоразбирања, била физички била нападната од нејзиниот брат Б.П.(42). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 05.03.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека на 03.03.2024 на подрачјето на Карпош, нејзиниот поранешен партнер С.Т.(26) физички ја нападнал и ѝ упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 05.03.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж пријавил дека на 03.03.2024 околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, физички бил нападнат од неговата вонбрачна партнерка В.Г.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.