Малолетници со мотори повредени во сообраќајки


Фото: Б. Грданоски

Тинејџер со мотор удрил во малолетник, моторџии паднале од мотор, а друг со морот се удрил во автомобил. Летните месеци се резервирани за сообраќајни незгоди во кои учествува мотор, а тоа не е исклучок и во последното деноноќие.

Имено, полицискиот билтен нотира четири сообраќајки во кои учесниците ввозат мотор.

Во четвртокто, во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, патничко моторно возило марка „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Истиот ден, во 13.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во село Негорци, гевгелиско, К.Т.(31) од село Прдејци, гевгелиско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Во 15.40 часот пак, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(49) од Гевгелија и патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(31) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Во СВР Битола било пријавено дека во 18 часот во с.Тополчани, прилепско, малолетник од Тополчани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Тополчани, констатирани во Градска општа болница во Прилеп. Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.