Малолетници се тепаат меѓусебе, а тепаат и помали деца


Во два одделни инцидента во Прилеп и во Скопје, повредено е осугодишно дете кое завршило во болница, а настрадата иа 14-годишна девојка.

Имено, во средата во 22 часот во Полициската станица Прилеп, Б.Ф.(39) од Прилеп пријавил дека околу 16 часот на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, 11-годишен малолетник физички го нападнал неговиот осумгодишен син, нанесувајќи му повреда.

По ова, детето било пренесено во болницата во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Истиот ден во 21 часот во СВР Скопје, К.О.(45) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на ул.„Цветан Димов“ неговата 14-годишна ќерка била физички нападната од група девојчиња на возраст од околу 14 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.