Малолетничка избегала од дома во Гостивар, пронајдена во Битола


Триесет и петгодишна гостиварка, вчера, во 10.35 часот, во СВР Тетово пријавила дека од домот се оддалечила ќерка ѝ Л. П. на 15-годишна возраст, извести СВР Тетово.

„Набргу, по преземените мерки, малолетничката била пронајдена во Битола кај лице со кое била во љубовна врска по што им била предадена на родителите“, додаваат од СВР Тетово.