Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено


Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Авионот е од марката „пајпер“. ЦУК соопшти дека во него било двајца косовски државјани од кои едниот е повреден.

„Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција“, соопшти ЦУК.