Макрон, Зеленски и Стармер заедно ќе отпатуваат за Вашингтон


Портпаролката на француската влада денеска изјави дека е планирано заедничко патување на францускиот и  украинскиот претседател и британскиот премиер во Вашингтон.

Таа истакна дека патувањето на Емануел Макрон, Володимир Зеленски и Кир Стармер треба да се реализира за краток рок, но не прецизира датум.

Макрон претходно најави дека вечерва ќе се обрати до нацијата, а за утре е закажан посебен Самит на европските лидери посветен на одбраната на Украина.