Макрон: „Нема да покажеме слабост“


 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и нејзините европски сојузници направиле сѐ за да се обидат да го спречат нападот врз Украина. Тој рече дека нема да покажат „слабост“ во нивниот одговор.

Макрон во телевизиското обраќање до нацијата во четвртокот рече дека рускиот напад е „пресвртница во европската историја“ и како резултат „ќе има длабоки последици за нашиот континент и промени во нашите животи“.

Тој рече дека „на овој воен чин ќе одговориме без слабост, ќе одговориме мирно и одлучно и обединето“.

„Се обидовме да ја избегнеме оваа војна, но таа е тука и ние сме подготвени“, рече Макрон.

Тој рече дека санкциите ќе бидат „пропорционални“ на воените операции на Русија, насочени кон нејзината економија и нејзиниот енергетски сектор.

„Нема да покажеме слабост“, рече Макрон. „Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за одбрана на суверенитетот и стабилноста на нашите европски сојузници“.