Макрон најави референдум за ревизија на Уставот и во него да се вклучи борбата против климатските промени
Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе се одржи референдум за ревизија на Уставот со цел вклучување во него на борбата против климатските промени и зачувување на животната средина.
Во обраќање на Граѓанскиот совет за клима, Макрон рече дека е подготвен во членот 1 од Уставот да ги вклучи спомнувањето на биодиверзитетот, животната средина и борбата против климатските промени.
– Тоа ќе се најде на референдум, нагласи Макрон.
За да се одржи референдум во Франција, мора да има договор меѓу Долниот и Горниот дом на Парламентот.