Макрон: Интервенцијата на Русија во Белорусија не е добредојдена
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека му пренел на рускиот претседател Владимир Путин дека руската воена интервенција во Белорусија нема да биде добредојдена и дека Париз не сака да се повтори она што се случи во Украина пред шест години.
Тој на прес-конференција рече дека таквата интервенција ќе ги надмине рамките на Белорусија.
– Мислам дека таквата интервенција не би била добредојдена, рече Макрон.
Тој додаде дека ќе продолжи да разговара со Путин за потребата да се убеди белорускиот претседател Александар Лукашенко за потребата од медијација.