Македонските училишни ракометари и ракометарки супериорни по два натпревари


Машката и женската училишна репрезентација на Македонија се дел од училишниот ракометен мундијал на кој настапуваат над 600 натпреварувачи од 20 земји во светот. Македонските репрезентации стартуваа супериорно, со по две убедливи победи во првите две кола на шампионатот.

Машката селекција предводена од селекторот Горан Кузманоски славеше против Бугарија (33-18), а потоа и против Грузија (46-13), со сигурна и доминантна игра во двата натпревари.

Избраничките на селекторката Даниела Новеска Вељаноска, на стартот беа поуспешни од репрезентацијата на Белгија (34-12). Со вториот убедлив триумф против Грузија (45-13), македонските ракометарки веќе обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското училишно првенство.

Министерот Borko Ристовски кој ги посети ракометарите изразил задоволство од прикажаната игра, енергија и тимски дух, истакнувајќи дека овие млади спортисти се вистински амбасадори на македонскиот спорт и и светла иднина на македонскиот ракомет.