Македонските ракометарки ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2026


Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство за жени кое ќе се одржи во 2026 година. 

Нашите репрезентативки ќе играат во третата група заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија.

Пласман на ЕП по автоматизам имаат обезбедено земјите кодомаќини Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција, како и Норвешка, Данска и Унгарија кои освоија медал на последното континентално првенство.

За другите 16 слободни места ќе се натпреваруваат 24 репрезентации поделени во шест групи.