Македонскиот Центар за климатски промени организира „Соларен саем Битола“
Центарот за климатски промени ќе одржи „Соларен саем Битола“ со цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори преку информативни и интерактивни активности.
На плоштадот „Магнолија“ , битолчани, претпладнево ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер.
Организаторите ќе постават штандови од компании и организации од секторот, и ќе приредат интерактивни демонстрации и едукативни активности за деца.