Македонски концепт е против донесување на Закон за правична застапеност
Партијата Македонски концепт, која е дел од владеечката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти денес дека е против донесување на Закон за правична застапеност.
„Ние сме за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем, се патокази кои водат кон ЕУ, а не практики од 19ти век!
Правичната застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост. Меритократијата е патот кон вистинска праведност. Квотите создаваат само илузии. Граѓанска држава се гради на индивидуалните успеси, а не на колективитети. Кога способностите се заменуваат со квоти, правдата се изопачува.
Ние сме за еднаквост во можностите, а не во резултатите. Затоа мерит системот е нашиот водич. Системот на вредности треба да се базира на труд и посветеност, а не на етнички предзнаци. Ние сме сите граѓани на Републиката и нека успехот биде наш единствен критериум. Пропадната пракса на 19-тиот век не гради иднина за 22ри век. Да застанеме сите заедно против сите видови на дискриминација, и позитивна и негативна! Само рамноправност на граѓаните! Тоа се вредностите на граѓанскиот Устав, кој е решение за сите овие прашања“, порачуваат од Македонцки концепт.
Центар за комуникации и анализи