Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици


Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација ќе донира 10 лаптопи на студенти и ученици кои немаат можност самостојно да набават уреди за следење on-line настава со цел да им овозможи навреме да следат настава, и да полагаат испити, соопштија од МБА.

„На овој начин МБА го дава својот придонес за одбележување на Деновите на финансиска писменост, која е од клучно значење за одговорно финансиско работење на секој граѓанин, велат од банкарската асоцијација.

Со донацијата од МБА, стекнувањето знаење станува достапно и за оние кои не биле во можност да си обезбедат компјутер, а до пред пандемијата успешно ги исполнувале сите обврски во образованието, се вели во соопштението до медиумите.