Македонија пак ќе бара Унгарците да го испорачаат Груевски, сега за 27 април


Ова е најсериозната пресуда за еден политичар во Македонија за крадење пари од партијата (Фото: Б. Грданоски)

Министерството за правда деновиве ќе испрати барање до Будимпешта за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како обвинет за крвавиот упад во Собранието.

– Целокупното досие од судот и обвинителството ни стигнаа кон крајот на минатата недела, деновиве тоа ќе биде пратено до Будимпешта – изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Интерпол уште ја нема објавено меѓународната потерница за Груевски за 27 април. Министерството и претходно бараше Груевски да биде испорачан како осудено лице во случајот „Тенк“, но унгарските власти уште не испратиле одговор.

Против Груевски сега е покренато обвинение во кое се товари за организација на 27 април.(Ф.Ф.)