Македонија и Унгарија договорија соработка во енергетиката
Седницата на Мешовитиот комитет ја потврди стратегиската посветеност на двете земји за јакнење на регионалната енергетска стабилност.
„ Соработката во енергетиката останува клучен столб на нашите односи. Ја потврдивме важноста на непрекинато снабдување со природен гас, поддршка за инфраструктурни проекти кои ја зголемуваат сигурноста и отпорноста на нашите енергетски системи, препознавајќи дека обезбедувањето на сигурна и одржлива енергетска иднина е заедничка одговорност“, истакна државниот секретар Горан Јовановски.
Јовановски и македонската делегација остварија и билатерални средби со претседавачот на Мешовитиот комитет, Петар Старај како и со Петар Холица, заменик државен секретар на Министерството за енергетика на Унгарија, на кои ја зацврстија заедничката заложба за развој на инфраструктурата, подобрување на енергетската ефикасност и модернизација на системите за производство на електрична енергија.
Седницата јасно покажа дека соработката меѓу двете земји не се ограничува само на потпишување протоколи. Таа се базира на доверба, експертиза и визија за одржлива енергетска иднина, која ќе обезбеди сигурност и просперитет за целиот регион.