Македонецот во кома во Ниш е таткото на Влатко Ѓорчев
Според Влатко Ѓорчев, татко му тргнал за Ниш да се вакцинира затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Пошол на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори.
-Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, сеуште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце.Не е само татко ми, туку НЕМА вакцини за илјадници други. Ниту за старите, ниту за медицинските работници. Поради овој дебакл, фијаско и катастрофа.За вакцинацијата сметам дека треба да продложи и дека тоа е начинот да се заштити јавното здравје, напиша Влатко на Фејсбук.
Тој додава дека таткому има 72 години и има вградено три бајпаса и три стента.
-Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш.Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома.Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее, пишува Ѓорчев.